Нордиските земји сметаат дека Русија претставува најголема закана за безбедноста на Европа и договорија поинтензивна соработка во областа на одбраната, како и поголема солидарност со балтичките држави.
Министрите за одбрана на Шведска, Норвешка, Финска, Данска и Исланд во заедничко соопштение истакнуваат дека северниот дел на Европа мора да биде подготвен за можна криза или инциденти предизвикани од страна на Русија.
– Руските лидери покажаа дека се подготвени во пракса и ефикасно да употребат воени средства, со цел да ги остварат своите политички цели, дури и кога со тоа се кршат принципите на меѓународното право- се наведува во соопштението, чија автентичност е потврдена од норвешкото Министерство за одбрана.
Министрите на нордиските земји тврдат дека „на Балтикот и во северните подрачја е забележана зајакната воена и разузнавачка активност. Руската војска предизвикува долж нашите граници, а во Балтичкото Море имало неколку случаи на повреда на границите“.
Финска, која граничи со Русија, и Шведска не се членки на НАТО, но се поинтензивно соработуваат со Алијансата.
Ова заедничко соопштение досега е едно од најострите одговори на руските потези.
– Руските активности претставуваат најголем предизвик за безбедноста на Европа. Руската пропаганда и политичкото маневрирање придонесуваат за несогласување меѓу земјите, како и внатре во НАТО и ЕУ – предупредуваат нордиските министри за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



