| четврток, 6 декември 2018 |

Поради стиропор физички нападнат скопјанец

напад

Дваесет и едно годишниот скопјанец К.Д. вчеравечер во полициската станица во Ѓорче Петров пријавил дека бил физички малтретиран од познаник и од уште три непознати лица.

Според МВР, К.Д пријавил дека вчера во 18:40 часот телефонски му се јавило лице со кого се знаел од претходно и кое рекло да излезе на улица за  да разговаат во врска со кражба на стиропор.

Лицето кое го контактирало оштетениот на телефон пристигнало со возило „Ауди -А3“ во кое имало уште три непознати лица. Откако К.Д. рекол дека не знае ништо за кражбата на стиропорот  едно лице излегло од возилото и без повод и причина му удрил шлаканица и  тупаница. Потоа насилно го внеле во возилото каде физички го малтретирале и го оставиле во Кисела Јабука.

По преземени мерки повикани се четири лица на разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top