Водителката која ја запознавме неодамна преку „Икс-фактор“, во Хрватска е дел од шоу-бизнисот веќе 10 години. Кога Антонија Блаче беше избрана да биде дел од водителскиот тим, заедно со нашата Снеже Велков и српскиот актер Александар Радојчиќ, таа реши дека пред Балканот мора да се претстави во најдобро светло.
Иако пред само неколку месеци, хрватските медиуми шпекулираа дека е трудна, поради вишокот килограми, Блаче призна дека само се олабавила и заборавила да внимава на својата линија. Но, сето тоа се сменило во моментот кога дознала дека ќе го води регионалното шоу.
– Повторно вежбам и здраво се хранам. Не јадам тестенини, леб и печива. Морам да бидам на ниво на задачата, сепак, ги бранам боите на мојата земја, односно сакам да бидам претставник на кој гледачите ќе бидат горди – изјави неодамна таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.