Боите кои се продаваат на пазарите на лажиче се набавуваат од Србија и Бугарија и од тамошните инспекциски служби има информации дека се работи за текстилни бои, а не бои за храна.
Овие бои можат да бидат опасни за здравјето, предупредуваат докторите, затоа што токсичните метали кои ги има во боите, можат да навлезат дури и во жолчката на јајцето.
Од Дирекцијата за храна апелираат до граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца, туку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за користење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.