Познатиот холивудски актер Том Круз повеќе од една година не ја видел својата ќерка Сури, објави порталот за шоубизнис „Ти-Ем-Зет“. Извори блиски до поранешната сопруга Кејти Холмс, открија дека актерот повеќе не е дел од животот на деветгодишната Сури.
Круз последните неколку месеци беше во Лондон, каде што го снима новото продолжение на филмската серија „Невозможна мисија“. Според изворите на „Ти-Ем-Зет“ во овој период Том ниту еднаш не се сретнал со својата ќерка.
Сепак, портпаролот на Том Круз ги негираше овие тврдења, нагласувајќи дека тој се среќава со Сури, но нивните средби не се јавни.
Последните недели Круз престојува во Атланта, каде за велигденските празници ќе го види својот посвоен син Конор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)