| четврток, 6 декември 2018 |

Ако одите во Русија, овие седум работи не смеете да ги правите!

москава

На Мадагаскар децата не смеат да го изговорат името на својот татко или да спомнат кој било дел од неговото тело. На Тајван, пак, е незамисливо да се пишуваат пораки со црвено пенкало.

Според книгата на Ричард Луис, „Кога културите се судираа: водич меѓу културите“, следниот пат кога ќе ја посетите Русија, важно е да ги имате предвид овие седум работи:

1. Не носете капут во затворен простор

Се смета за лош манир да се носи капут во затворен простор. Дури и ако греењето не работи, откопчајте се и веднаш закачете го капутот.

2. Не држете ги рацете во џебови

Лошо е да одите или да стоите со рацете во џебови. Сакате да работите во Русија, држете ги рацете видливи и избегнувајте да изгледате неуредно.

3. Не седете со раширени нозе

Освен тоа, ни случајно не покажувајте ги чевлите од долу и не допирајте го столот бидејќи чевлите се сметаат за нечисти.

4. Не свиркајте на улица

Свиркањето на улица и во затворен простор предизвикува одвратност. Играјте на сигурно, целосно избегнувајте го  свиркањето.

5. Не јадете на тревниците во парковите

Без оглед на тоа колку е убаво времето, заборавете ги пикниците.

6. Не прашувајте луѓе каде има тоалет

Многу е лошо ако прашувате луѓе каде е тоалетот, особено за тие од спротивниот пол.

7. Не ракувајте се преку прагот на домот

Русите се познати како многу празноверен народ. Се смета за несреќа да се ракуваш преку прагот. Затоа зачувајте го својот срдечен поздрав со стискање на дланката додека не влезете во затворен простор. Освен тоа, непристојно е да се ракувате со жени, освен ако тие први не ви пружат рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top