| четврток, 6 декември 2018 |

Патот Скопје-Велес прооден, затворена обиколницата кај Битола поради свлечиште

odron 2На патниот правец Скопје – Велес е исчистен одронот и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација, информираат од АМСМ.

Поради свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата кај Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с. Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет Смрдлива Вода во Длабок Дол сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На патниот правец  Крупиште – Пробиштип кај селото Неокази е дојдено до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20 цм). Сообраќајот е во прекин за сите видови моторни возила, а возилата се пренасочуваат преку с. Киселица – с. Ратавица – с Леговец – Пробиштип.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на реката Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с. Просениково – с. Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Кочани – Злетово, кај с. Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка е непрооден патниот правец с. Дурачка Река – с. Дренак во должина од 7 километри.

На регионалниот пат Куманово – Кратово кај излезот на с. Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица – Неготино на 7 километри над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 метри, на кој е извршена санација. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top