| четврток, 6 декември 2018 |

Момчето што ја турна медицинската сестра од кров ќе одговара за убиство

javno-obvinitelstvo-tabla

Основното јавно обвинителство Скопје по утврдување на основаноста на сомнението, поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 7. 22-годишното момче од Петровец кое на девети јануари годинава ја турна медицинската сестра Диана од истото село од кровот на Клиничкиот центар во Скопје ќе одговара за Убиство на бремено лице.

-Лицето е обвинето бидејќи на 09.01.2015 год. околу 19,00 час, во кругот на комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат, со умисла ја лишил од живот оштетената, сега покојна. Обвинетиот знаел дека жртвата е бремена. Тој делото го извршил по претходна вербална расправија, по што со употреба на сила ја турнал сега починатата на подот. Жртвата при падот удирајќи со главата на подот, се здобила со повреда која не била животно загрозувачка. Користејќи ја состојбата во која оштетената, поради повредата, не можела да дава отпор, обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата рака во исто време и ги затнал носот и устата, давејќи ја се додека не престанала да покажува знаци на живот. Како резултат на насилното задушување кај оштетената настапила смрт – велат од обвинителство.

Деана и обвинетиот живееле на иста улица, број десет во Петровец. 31 годишната Диана била разведена мајка на 8 годишно дете, а неофицијално чекала принова. Нејзиниот поранешен сопруг лошата вест ја дозна на Клиниката каде со полицијата ја чекаше разврската .

Во одделот за интензивна нега 45 минути се обидувале да ја реанимираат Дијана, но таа не давала знаци на живот. Инаку убиената долги години работела како медицинска сестра токму на интензивна на детската клиника. Осомничениот и претходно доаѓал да ја посетува додека била на работа на клиниката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top