Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека е добро тоа што ЕУ реагираше на изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, за можно обединување на Косово и на Албанија, иако, како што забележи, Унијата го направи тоа срамежливо.
– Крајно време е да се престане со прекројување на границите на Балканот -рече премиерот Вучиќ, пренесува Танјуг.
Премиерот пред новинарите во Крупањ, каде што присуствуваше на отворање на фабриката за текстил „Џинси“, наведе дека Србија ќе продолжи со мирољубивата политика, но дека не може да премолчи на стотиците изјави со таква соддржина.
– Затоа вчера реагирав и кажав дека навистина е крајно време да се престане со прекројување на границите, да се престане со нешто што ќе ги загрози и стабилноста и мирот на Балканот. Добро е, иако е срамежливо, тоа што ЕУ го направи, што реагираа на каков било начин – рече Вучиќ.
– Ние и натаму ќе бараме добри односи со Албанија и ќе инсистираме на тоа, но во секој момент јасно ќе им ставиме до знаење што е тоа што може, а што е тоа што не може да пројде на Балканот – нагласи Вучиќ.
Изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, и на косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи, за обединување се неприфатливи провокации и не се во согласност со политиката на соработка во регионот, соопшти портпаролката на Европката комисија, Маја Коцијанчич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст