| четврток, 6 декември 2018 |

Запознавање на јапонски инвеститори со бизнис-климата во Македонија

 invest

Можностите за инвестирање во Македонија ќе бидат претставени на бизнис-форум што ќе се одржи утре во Токио, во организација на македoнската Амбасада  и Јапонската организација за надворешна трговија.

Присутните потенцијални инвеститори со условите за правење бизнис во Македонија ќе ги запознае министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски. Најавено е присуство на стотина јапонски компании од различни сектори.

Министерот Мицковски ќе има средби со потпретседателот на Јапонската организација за надворешна трговија, како и со претставници на компаниите со кои ќе размени мислења и искуства за инвестициските можности кои ги нуди Република Македонија.

Мицковски  во Токио ќе присуствува и на Самитот за нова економија (НЕС), кој се одржува на 7 и 8 април годинава и претставува една од најголемите светски конференции организирана од страна на Јапонската асоцијација за нова економија.

Посетата на Јапонија е во рамки на владините активности за привлекување странски инвестиции,  а како резултат на напорите и активностите на македонските дипломатски претставништва во делот на економската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top