Политичките партии да ги смират страстите и да го спуштат тонот кој доминира со омраза – звестувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл предупредува и бара одговорно однесување од лидерите во земјава. Според него бомбите на СДСМ се неприроден начин на политичко делување, тој ги повика ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да седнат и да разговараат, во фокусираат да бидат интересите на земјата а не партиските.
Тие бомби се невообичаен начин на водење на политика. Јас кога дојдов во Македонија ја советував опозицијата да ги искористи своите 30 проценти од гласовите и да делуваат во парламентот и таму да се бори за демократијата и за етнички чистата политика на
Македонците. Тие се определија за ваков вид на политика – вели Вајгл во изјавата што ја пренесе Канал5.
Според него Македонија мора да се фокусира на европската интеграција и тоа веднаш. Европратеникот за словенечката национална телевизија целосно ја анализираше политичката ситуација во Македонија.
Нашата цел е двете страни да седнат и да разговараат, да разговараат во некој европски контекст, пред се да ги гледаат интересите на Македонија да влезе во Европската унија. Ние ги советуваме да не дозволат ситуацијата да ескалира, да ја спуштат тонот на политичката дебата, да го спуштат тонот на говорот на омраза кој доминира, некако да се договорат како да им дадат на земјите членки или на европската комисија дека Македонија е подготвена и заинтересиран да ги отвори преговорите со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст