САД соопштија дека ја интензивирале испораката на оружје за арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, која врши напади врз бунтовниците во Јемен.
САД исто така разменуваат разузнавачки информации со коалицијата, изјави американскиот заменик државен секретар Ентони Блинкен.
Меѓународните хуманитарни организации предупредуваат на хуманитарна криза во јеменскиот пристаништен град Аден, во кој има интензивни борби меѓу бунтовниците и владините сили.
Изминатите две недели во Јемен загинаа околу 550 луѓе, додека над 2.000 се ранети, соопшти СЗО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.