| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот кај Катланово-Велес

odron

Одронот на автопатот денеска

Од 21:45 часот нормализиран е сообраќајот на патниот правец Катланово-Велес.

Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента за што е поставена и дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација.

За потсетување, овој патен правец денес беше комплетно блокиран поради поголем одрон кој ги зафати двете коловозни ленти.

Екипите на ЈП Македонија пат работеа на расчистување на одронот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top