| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичанецот Ѓорѓе загубил 200.000 денари на патарина, вработениот му ги вратил

hrvoje-opet-pronasao-novac-vratio-je-vlasniku-25000-kuna-504x335-20150414-20150406164016-403a5275e020eb3c7483958c0b910154

Хрвоје Билиќ

Хрватски работник на патарина усреќил Македонец, кој ја загубил чантичката со пари. Пред неколку дена на наплатна рампа на автопат во Хрватска, Ѓорѓе Спасов од струмичкото Радичево си ја платил патарината, тргнал кон својот автомобил, но не забележал дека му испаднала торбата во која имал пасош и околу 200.000 денари.

Четириесетичетири годишниот Хрвоје Билиќ ја забележал торбичката, во која покрај парите имало и два пасоша.

Кога по еден час, Ѓорѓе тргнал назад по торбичката, не се ни надевал дека ќе ги најде парите. Но, имал среќа што таа завршила во рацете на чесниот работник.

Ова не е прпат Билиќ да ја покаже својата човечност, пишува хрватски „24часа“. Неговите колеги велат дека тој по шести пат наоѓа големи суми на пари и им ги враќа на оние кои ги изгубиле. Пред некоја година ја добил и награда „Гордост на Хрватска“.

– Ме спасивте. Тоа ми беше целата заработка која ја донесов од Швајцарија каде работев неколку месеци. Не знам како да ви заблагодарам – велел Ѓорѓе низ солзи, но Хрвоје не сакал ниту да чуе за каква било награда.

Одете дома и израдувајте ги најблиските за Велигден. Тоа ќе ми биде најголема награда– рекол Хрватот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top