Битката за Аден го претвори ова јеменско пристаниште во „град на духови“, изјави шефот на Меѓународниот црвен крст Роберт Госен.
Госен за Би-Би-Си изјави дека е итно потребна медицинска помош за градот, каде шиитски бунтовници хути се борат против силите лојални на претседателот Абед Рабу Мансур Хади.
Според податоците на Меѓународниот црвен крст над 540 луѓе се убиени во неодамнешните борби, а над 100.000 се раселени. УНИЦЕФ објави дека во борбите досега се убиени 74 деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.