Во тек се активностите за конзервација на ѕидното сликарство со хронолошки сликарски слоеви од XII до XIX век на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велушина, информираат од Министерството за култура. Конзервазијата ја реализира НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и е предвидена за 2016 година.
– Според усвоената динамика на реализација, на оваа локација во изминатиот период беа реализирани археолошки истражувања и беше изведена целосна дренажа на црквата, со што овој значаен споменик на културата е заштитен од влага. Исто така, направени се истражувања врз живописот во олтарот, наосот и нартексот на површина од 300 квадратни метри, по што е изработена негова прецизна дигитална и техничка документација. Изготвена е и архитектонска документација на постојната состојба на црквата – велат од министерството.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Велушина е комплексен објект со досега констатирани четири фази на градба.
Обновувањата датираат од крајот на X и почетокот на XI век, потоа XII и XIII век, а во текот на XVIII и XIX век била извршена најголемата реконструкција на црквата. Со археолошките истражувања, откриени се темели од постар сакрален објект од VI век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст