| четврток, 6 декември 2018 |

Поради нафтата и гасот Меркел го загрози производството на пивото

3

Земјите од Европската унија се позабрзано се обидуваат да ја намалат својата енергетска зависност од гас и нафта од Русија, а голем чекор моментно презема Германија.

Пред Бундестагот доаѓаат нацрт-закони со кои конечно ќе биде дозволено фракирање, односно извлекување на нафта и гас од шкрилци, технологија со која САД во последните две години значајно го зголеми производството на енергенси и станаа најголем производител на нафта на светот надминувајќи ја дури и Саудиска Арабија.

Се работи за прилично инванзивна технологија со која вода измешана со агресивни киселини под голем притисок се впумпува во тлото, при што доаѓа до разорување на наслагите од шкрилци и озлевање на нафта и гас. Американските нафташи фракирањето го користат на полиња со шкрилци во Тексас и Северна Дакота, со километри далеку од населените места, но во Европа состојбата е поинаква. Земјите на ЕУ едноставно се прегусто населени и сите можни полиња за експлоатација релативно се блиску до градовите, а со тоа и до изворите на вода, за да се дозволи фракирање без никаква заштита.

Токму поради тоа новиот германски закон кој доаѓа пред Бундестагот во себе има вградени многу прецизни и строги безбедносни мерки. Една од нив зборува дека полињата со шкрилци можат да се фракираат само во слоеви кои се наоѓаат на најмногу до 3.000 метри длабочина под површината, друга вели дека фракирањето до 2019 година може да се спроведува само во експериментални цели. Сепак и ова е голем чекор во однос на досегашниот целосен мораториум поврзан за фракирањето кој во Германија е на сила со години.

– Фракирањето е релативно нова технологија и неговото влијание на околината се уште не е јасно. Не треба да се сомнева дека Германија ќе постави многу високи еколошки стандарди во производството кои веројатно ќе бидат модел за фракирање и во останатите европски земји, вели нафтениот експерт Давор Штерн.

Можните проблеми доаѓаат не само при контаминација на водата со впумпување на хемикалии, туку кај некои наоѓалишта во САД забележано е и мешање на гасот со водата за пиење во водоводниот систем.

Во Германија протестите против фракирањето ги предводат Зелените, а се повеќе политичари има и од владејачката голема коалиција ЦДУ-ЦСУ-СПД кои се против таа технологија. Во антикампањата се вклучи и една од гордостите на Германија, а тоа е пивото!

– Берлин, дозволувајќи фракирање ја загрозува водата за пиење и производството на нашиот национален пијалок пивото, порачаа гневните Германци на протестот во Берлин.

Но, експертите веруваат дека, со примена на ригорозни стандарди, фракирањето не е опасно, додека од друга страна има големи позитивни економски ефекти.

– Економската корист е огромна. Со таква експлоатација се намалува енергетската зависност и се покренува цел низ на процеси во стопанството, вели Штерн.

На подрачјето на ЕУ најголемите полиња на шкрилци се наоѓаат во Полска, Германија и Франција.

Европската јавност има поделено мислење за фракирањето. Франција и Бугарија забранија фракирање. Германија до сега дозволи, но со ограничување.

На подрачјето на Полска граѓаните веќе организираа референдум со кој изразија дека не се согласуваат со фракирање во својата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top