Лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, секојдневно се обидува да го убеди народот во неговите добри намери, и да покаже дека е патриот, но од ден на ден тој сѐ повеќе се заплеткува во сопствената мрежа на лаги. Јавноста се сеќава на неговата изјава кога побара да си ја „свиткаме кичмата“ за името, а деновиве станавме сведоци како Заеви купувале луксузна хациенда на брегот на Халкидики.
Но, она што е уште поскандалозно е фактот што Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека од СДСМ глумеа жртви на полициско насиство на 24 декември 2012 година, Зоран Заев на големо го привршувал договорот за купопродажба на луксузната вила во Неа Мудања. Договорот за купопродажбата на имотот во Грција е склучен на 28 декември во 2012 година, само 4 дена по инцидентите во Собранието.
Во тој период, пратениците од СДСМ во серија инциденти се обидуваа насилно да го спречат донесувањето на буџетот и да го спречат функционирањето на институциите. Документите до кои дојдоа медиумите неодамна покажувааат дека Заев, кој упорно сака да се наметне како патриот, вилата ја купувал додека неговите сопратијци предизвикуваа физички инциденти во законодавниот дом.
Сето тоа дополнително ја разгорува атмосферата на „Бихаќка“ бидејќи членството веќе подолг период не се согласува со деструктивната политика на лидерот. Информациите дека Заев купувал хациенда на Халкидики додека пратениците и членството ги извршувале креираните сценарија уште повеќе го зголемило незадоволството кај членството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст