| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестициите носат илјадници нови работни места

gruevski2
Низа инвестиции и отворање на илјадници нови работни места најави премиерот Никола Груевски изминатиов месец, на масовните народни собири во Скопје, Битола, Штип и Тетово.

Од 2006-та година отворени се над 138.000 работни места во странските и домашните компании, во приватниот и јавниот сектор и преку активните мерки за вработување.

Според очекувањата, во најавените, а се уште неотворени странски инвестиции ќе бидат отворени нови над 13.000 директни работни места, а со оперативниот план за активни мерки за вработување во 2015-та година се предвидува поддршка на отворање на 8.500 работни места.

На митингот во СЦ „Борис Трајковски“ кој се одржа на 15-ти март, Груевски најави неколку нови инвестиции кои ќе отворат 4.400 работни места.

-Со три компании од оние кои неодамна јавно најавија инвестиција, во април ке го потпишеме договоот по кој набрзо ке ја почнат а некои од нив завршат градбата, една германска и две италијански, Техникал текстаил во Штип со 600 вработувања кои ќе почнат од јуни кога и ќе се отвори фабриката, Монтанте во Скопје за производство на амортизери која ке вработи 400 луѓе и ќе почне со 100, и Диатек во Скопје со 200 вработувања за почеток, печатарска индустрија. За два месеци од сега ке почнат градба на фабрики и веке најавените Ки сеифти системс во Кичево,за 1000 луѓе, во моментот веке вработија 50, Гентерм во Прилеп каде ке се вработат 2000 луѓе, ОДВ електрик во Охрид Струга со 1000 луге, а во тој период ќе се потпише и договорот со Костал во истиот регион исто така со 1000 луге. Пред неколку дена заменик директорот на агенцијата за привлекување инвестиции ја направи првата посета на белгиската компанија која почна со работа во Скопје и ке вработи 200 луѓе. Следниот месец ќе се отвори и фабриката на Маккард во Велес чија градба е во финиш и која ке вработи 600 луге а сопственикот веќе купи уште еден плац до неа. Ова се 10 тина компании кои само во овој период веќе објавија инвестиција и како што кажав со дел од нив сега го потпишуваме дговорот, дел почнуваат градба на фабриката а некои се при крај и ке ја отвараат за два месеци.
Покрај оние кои веќе објавија, има голем број кои не се објавени, а со кои сме во финална фаза на договор или веќе неофицијално ни потврдиле дека донеле конечна одлука за градба на нови фабрики во Мкедонија. Сакам да ве информирам со големо задоволство и да објавам официјално дека една таква е една американска инвестиција од автомобилската индустрија во висина од 15 милиони евра инвестиција која планира да се стационира во Тетово и да вработи, внимавајте…., 2500 луге од тој регион.
Или една друга која веќе неформално ни потврди инвестиција во Василево, за производство на матерјали кои се користат во рударство и градежништво. Во Велес, ќе следи уште една инвестиција со 1000 вработувања на која долго работевме а за која веке една домашна банка склучи договор за продажба на халите на поранешната Порцеланка. Да објавам уште една нова инвестиција која де извести дека донеле веке одлука за инвестирање во Прилеп, германска компанија, во делот на автомобилска индустрија, висока технологија, 250 вработувања главно високо образовани кадри, пред се инжињери и менаџери кои ке ги пушти на тренинг во Германија. И ајде и уште една за денеска нова инвестиција ќе најавам која е сигурна бидејки компанијата иако се уште официјално не објавила, веќе има регистрирано фирма во Скопје, отворено канцеларија и првите административни вработувања се реализирани. Се работи за германска компанија, потврдија градба на фабрика во зоната во Скопје за производство на електрични уреди, инвестиција вредна 30 милиони евра, 500 нови вработувања. Само овие 5 ново најавни фабрики денес значат нови 4400 директни вработувања, плус многу индиректни, посочи премиерот Груевски на народниот собир во Скопје.

На масовно посетениот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Битола која се одржа на 22.03.2015-та, премиерот Никола Груевски најави дека борбата за отворање на нови работни места продолжува. Тој потенцира и дека Владата нема да дозволи ништо да ги дефокусира од таа цел.

-Американска компанија котирана на Њујоршката берза од областа на outsourcing на бизнис услуги потпиша договор со Владата минатата недела за отворање на своја компанија во Македонија, во Скопје и Битола. Со проектот се планираат 2000 вработувања, од кои најмалку 500 во канцеларијата во Битола. Името на компанијата ќе се објави кога таа ќе одлучи. Турската компанија Chelmak Agricultural Machinery купи градежна парцела во индустриската зона Жабени, Битола со вкупна површина од 24.000 м2. Компанијата ќе гради погон за производство на земјоделска механизација, каде се очекува производството да започне до крајот на 2015 година. Предвидени се повеќе фази, со вкупна инвестиција од 5 милиони евра, и вработување на 150 лица во три години, рече Груевски.

Во Кравари, битолско, се планира инвестиција во најсовремена фабрика за производство на чипс во регионот која ќе извезува во цела Европа и ќе обезбеди вработувања на над 100 лица. Купена е парцелата, фабриката ќе започне со производство во текот на годината.

-Во Жабени се продадоа уште неколку парцели за градење фабрики, а постои интерес од неколку други компании за инвестиции во Битола и битолско, со кои преговорите на тимот за инвестиции се во тек. Тоа е нашата борба за секое ново работно место, и ништо нема да дозволиме да не дефокусира од таа наша цел која е од интерес за сите граѓани, рече Груевски.

На 29-ти март Груевски се обрати пред голем број на граѓани во Штип. И таму беа најавени нови инвестиции и нови работни места.

-Во овој регион, во Штип ја изградивме Технолошко индустриска развојна зона Штип, на простор од 208 хектари, создавајќи услови за влез на странски инвестиции и отворање на нови работни места за целиот регион. Како што знаете веќе во зоната е реализирана инвестицијата на Џонсон Контролс, во висина од 18 милиони евра каде што работат околу 1.500 вработени. Денес сакам да најавам дека добивме информација од компанијата дека тие одлучиле да го прошират бројот на вработени до 1.700 и да вработат уште 200 работници до крајот на годината. Тоа е добра вест за Штип. Тоа е како уште една нова помала фабрика. Значи, нови 200 дополнителни вработувања за Штип и овој регион во Џонсон Контролс постепено до крајот на оваа година, изјави премиерот.

Тој истакна дека германската компанија Техникал Текстајлс, инвестиција која само во првата фаза е во висина од 15 милиони евра и со која се предвидени најмалку 600 вработувања, информирала дека во вториот квартал, односно во мај-јуни годинава, ќе ја отвори својата фабрика и ќе започне со работа и вработувања.

-Кога пред неколку недели бев во Кочани објавивме дека американската компанија Амфенол во Кочани, каде веќе работат околу 400 лица, донела одлука за префрлање на шест свои дивизии во Македонија и тоа во ТИРЗ Кочани-Виница. Висината на оваа инвестиција ќе изнесува околу 20 милиони евра и се предвидени околу 2.000 нови вработувања. Денес сакам да објавам дека во вториот квартал на годината, значи за 2 до 3 месеци од сега ќе се подготвува и официјално потпишување на договорот со оваа компанија и веднаш потоа почеток на градба на нивните капацитети и реализација на новите вработувања. Добра вест за Кочани,Зрновце, Виница, Блатец, Каменица и целиот регион. За Виница, каде што веќе се градат 6 нови фабрики во индустриската зона, е значајно и што холандската компанија Р енд С која веќе има вработени, најавуваа дека ќе има нови вработувања. Холандската компанија Антура, која во Кочани инвестираше 6 милиони евра досега вработи 100 лица а во наредниот период ќе го зголеми бројот на вработени за уште 200 нови вработувања, инвестиција која пак е резултат на добрата соработка со странските инвеститори и компании која веќе ме покани на официјалното нејзино отворање на 6 мај. И кога сме веќе кај Антура, да кажам и една анегдота што ни се случи. Кога ја донесовме Антура во Македонија, покрај во Кочани, со обѕир на земјоделската дејност поврзана со производство на семе за цвеќиња, ја однесовме и во Струмица. Имајќи ги во предвид климатските услови таму, но и фактот што се трудиме и таму да се отворат нови работни места, им ја преставивме Струмица најдобро што знаме и умееме. И нели потоа треба да ги поврземе со градоначалникот бидејќи освен добредојде треба да им влее сигурност дека ќе имаат сериозен и кредибилен градоначалник, и да им најде земја, локација за фабриката и да им ја продаде за веднаш да почнат да градат фабрика. И на прв поглед се беше во ред а сите ние среќни и задоволни. Градоначалникот срдечно ги пречекал, и им ветил се што прашале. Најважно им беше да има спремна локација со маркица за фабрика, за веднаш да почнат со градба бидејќи имаа многу нарачки. Добија ветување и веднаш беа однесени на локацијата, а потоа градоначалникот по некој ден ги повика сите локални медиуми за да им каже дека тој лично донел инвеститор од Холандија во Струмица кој ќе гради фабрика и ќе вработи 300 луѓе токму на таа локација каде дојдоа новинарите поканети од него. Луѓето кои долго работеа на убедување на инвеститорот беа изненадени како тоа одеднаш нивниот труд Заев целосно си го препиша на себе, дел од нив реагираа и јавно, но тој остана на тоа цврсто дека тој лично го пронашол и убедил инвеститорот. Баталивме да се расправаме јавно, викаме важно е дека дојде инвеститорот и ќе има вработувања. По некој месец, инвеститорот ја купи локацијата, и тогаш се соочија со карактерните особини на градоначалникот. Иако им ветил локација со маркица за градење фабрика, бидејќи веројатно немал таква спремна во моментот, без да ги информира, им продал локација за градење на катна гаража и зелен пазар. Кога дознале, неверувајќи што ги снашло, инвеститорите побарале објаснување од него, а добиле одговор ич да не се секираат, кај да е за 6-7 месеци ќе го смени планот и потоа ќе може да почнат градба. Кога виделе со кого си имаат работа, кога се пресметале колку ќе ги чинат тие 6-7 месеци чекање, кога веројатно им текнало дека ако еднаш ги излажал, може пак да им се случи, рикверц, и директно кај Ратко градоначалникот на Кочани, кој како и претходно ги дочекал подготвен со се што им треба, како и секој сериозен градоначалник. Е затоа денес во Кочани се вработуваат невработени, а во Струмица на таа локација сеуште има само обична празна земја без фабрика, посочи Груевски.

Премиерот потенцираше дека со лаги и интриги не се привлекуваат инвеститори, туку со работаа, труд и чесен и искрен однос и изрази жалење само за многу невработени од Струмица за кои оваа ќе беше шанса и препород.

Пред 10тина дена и официјално почна со работа ново отворениот капацитет на компанијата Актива аутомотив во индустриската зона во Штип, која е кооперант на белгиски Ван Хул и која веќе вработи 100 лица планира уште 200 дополнителни вработувања. Практично фабриката Актива настана како резултат на носењето на Ван Хул во Македонија. Тоа е наша борба за секое ново работно место. Во Пробиштип, каде заедно со локалната самоуправа инвестираме повеќе од 2 милиони евра во тек е изградба на индустриска зона, која ќе биде готова во август оваа година. Зона со која дополнително ќе се зголемат можностите за инвестирање. Во оваа зона постојат огромни шанси за нова инвестиција бидејќи во фаза на донесување финална одлука за инвестирање е компанија од автомобилската индустрија и тоа за инвестиција на 15 милиони евра и отворање на 300 работни места. Правиме се што е во наша моќ да ја реализираме и оваа работа и ќе направиме се што е во наша моќ, заклучи тој.

Викендов инвестиции беа најавени и на народниот собир во Тетово.

-Овде во Тетово на површина од 95 хектари се изгради технолошко-индустриската зона, каде веќе италијанска компанија преку нивната компанија во Македонија Про-компо која е специјализирана за производство на печки, апарати за сушење и греење и технологија и механички дизајн веќе започна со изградба на фабрика за композитни материјали, во вредност од 5 милиони евра. Според нивните најави фабриката која ќе опфаќа 6.000 квадратни метри ќе биде отворена во текот на летото, и ќе отвори над 150 работни места, од кои веќе првите 100 вработувања ќе се реализираат во 2015. Тоа е добра вест за Тетово и регионот. Пред три недели веќе најавив дека американска компанија ќе инвестира 16 милиони евра во ТИРЗ Тетово, и тоа во фабрика за производство на компоненти за автомобилска индустрија, инвестиција со која се предвидува отворање на 2500 директни нови работни места. Сакам да истакнам дека компанијата веќе ги започна процедурите за почеток на работата и тест производството во браунфилд хала и вработување на 300 лица во почетниот период, а наскоро ќе започне и со обука и на првите вработени. И тоа е одлична вест за регионот, 2500 вработувања за тетовско, гостиварско, за јегуновце, за брвеница и за целиот овој регион. Денес сакам да најавам и дека компанија од Италија која е специјализирана за производство на минибуси не има известено дека донела одлука за инвестиција од 10 милиони евра во капацитет во Тетово и отворање на 500 нови работни места. Според најавата, некаде до јуни јули планираат потпишување на договорот и почетокна реализација на истата. И ова е уште една добра вест. И компанија од Белгија, која има одлична репутација како снабдувач на метал во преработувачкиот сектор, веќе има донесено интерна одлука за инвестиција од 5 милиони евра во Тетово и отворање на околу 100 нови работни места. Некаде јуни-јули очекуваме и официјална објава од нивна страна и потпишување на договорите за инвестиција. Исто така ова е добра вест за регионот, заклучи Груевски.

Премиерот Никола Груевски испрати порака до граѓаните- „Продолжуваме со битката за секое ново работно место, за сите граѓани, за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, за секого“!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top