| четврток, 6 декември 2018 |

Мери Николова и Агрон Буџаку направија свадба (фото)

10169442_815894445166985_3952392319379526759_n
Во саботата вечер своето „да“ го кажаа амбасадорот на РМ во Франција, Агрон Буџаку, и Мери Николова. Освен што се славеше љубовта, се прослави и роденденот на нивната деветгодишна ќерка. Николова и Буџаку имаат и шестгодишен син, Марк, пишува „Вечер“.

Чинот се случи во еден скопски локал, а сведоци беа Каролина Калеовска, долгогодишна пријателка на Мери, и Фисник Саричи, сведок од страната на Буџаку.

Николова вели дека нивната 12 и полгодишна врска ги победила сите предрасуди и табуа.

budjaku_nikolova_1 budjaku_nikolova_2

Фото: од профилот на „Фејсбук“ на Мери Николова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top