Скопјанецот Љубиша Видејковиќ (26) е возачот што во петокот вечерта на булеварот Партизански одреди кај Универзалната сала со автомобил „хонда“ ја усмрти 19-годишната Фросина Цековска од Kрива Паланка, студентка на Електротехничкиот факултет во Скопје, објави „Дневник“.
Откако ја прегазил, несовесниот возач, место да застане и да ѝ укаже помош, продолжил да вози по булеварот. Бидејќи не можел да го издржи притисокот од делото што го направил, отишол во полициската станица во Ѓорче Петров и сам се пријавил.
– Момчето дојде во полициската станица во 21.10 часот. Беше збунето и во шок и кажа дека прегазил пешак. Му требаше време да се соземе од шокот и дури по неколку минути почна да зборува – велат од полицијата. Тој само изустил – прегазив пешак на Партизанска…
Полицијата по наредба на Јавното обвинителство не дава информации за кој модел на „хонда“ станува збор и дали автомобилот бил на Видејковиќ. Од Јавното обвинителство не добивме одговор до каде е истрагата, односно првични информации со која брзина се движел возачот, дали бил под дејство на алкохол и дали во моментот на несреќата работел семафорот, односно дали за возилата или за пешаците било вклучено зеленото светло, пишува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст