| четврток, 6 декември 2018 |

Во прекин патот Струга – Ќафасан

Од 7.00 часот поради обилeн снег, сообраќајот на патниот правец Струга – Ќафасан е во прекин за сите видови возила.

sneg pat

Претходно, од АМСМ информираа дека поради остатоци од снег на коловозите, забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, како и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде што забраната важи и за автобуси. За патничките возила движењето е отежнато и се препорачува употреба на зимска опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top