Вкупната вредност на производите кои завршиле во странство надминува 325 милиони евра. Според директорот на Технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо, ваквиот тренд се очекува да продолжи и да го надмине рекордот од минатата година, кој изнесуваше извоз од 1 милијарда и 170 милиони евра. Извозот од зоните во 204 година е за 52% повеќе во однос на 2013 година, а според проценките, на среден рок, треба да се очекува извоз од околу 2 милијарди евра. Извозот од ТИРЗ во вкупниот извоз на Македонија веќе учествува со 31%.
–Во споредба со мнатата година имаме зголемување на извозот од околу 28%, тоа е дури и малку над оние предвидувањата кои ги имавме минатата година за оваа година. Сите компании кои веќе се функционални активно работат, зголемен е бројот на нарачките кои тие ги имаат од нивните партнери во Европа и нормално, со започнување со работа на другите компании во зоните се надеваме дека тој број ќе расте од година во година. Можеби, не може да се очекува секоја година да имаме зголемување од 20 или 30 % раст на извозот , но дури и зголемување од 10 % е голема контрибуција не само во вкупната трговска размена на Македонија, туку и во покриеноста на увозот со извозот, бидејќи ако се направи анализа на тие бројки во изминатите три до чертири години, покриеноста се зголемува, но и соработката со домашните компании, вели за „Лидер“ директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.