| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе заштитно лице на „Ејџ енд Ем“ за претстојната летна сезона

Популарната Бијонсе неодамна стана заштитно лице на модната марка „Ејџ енд Ем“ (Н&М) во новата кампања за претстојната летна сезона, а веќе се објавени првите фотографии кои се дел од оваа соработка.

Снимањето било на Бахамите, а пејачката открила дека уживала додека се креирале овие тропски фотогорафии.

–          Отсекгоаш го сакав „Ејџ енд Ем“ и тоа што се фокусираат на мода која секој може да си ја дозволи. Ми се допаѓа концептот на нашата соработка да се фокусираме на различните емоции на жените, претставени низ четири елементи: оган, вода, земја и ветер. Снимањето на тропскиот остров беше прекрасно – рекла Бијонсе.

bejonce

Од „Ејџ енд Ем“ велат дека летната кампања со Бијонсе во главна улога ќе ја има комбинацијата на гламур, драмаи вистински рајски елементи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top