| четврток, 6 декември 2018 |

Апел до пешаците и возачите: Агресивното однесување во сообраќајот е потенцијално убиство

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до пешаците низ целата земја. Од таму велат дека перманентно ја следат состојбата со безбедноста на сообраќајот на патиштата и континуирано преземаат активности за унапредување на сообраќајна превенција и намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи.

Со жалост констатираме дека вистинска трагедија е тоа што се случи изминатата недела кога две лица го загубија животот, пишува во соопштението на Советот.

Фактите говорат дека во Република Македонија постои тренд на намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи:  Во 2014 година споредбено со 2013 година бројот на загинат е намален за 74. Оваа година според досегашните податоци го следи нивото и динамиката од претходната, односно досега, во овие три месеци 23 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи.

Сообраќајни незгоди кои што се случија изминатата недела уште еднаш го потврдуваат фактот дека за жал токму пешаците и младите возачи се најризични и најзагрозени улесници во сообраќајот на патиштата.

Во Република Македопнија околу 25 % од вкупниот број на жртви во сообраќајни несреќи се пешаци. Во изминатата 2014 година од 124 лица загинати во сообраќајни несреќи 35 се пешаци. Оваа година, 2015,  од 23 загинати лица 7 се пешаци.

За Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, секој загубен човечки живот во сообраќајна несреќа е ненадоместлива загуба за семејството и за општеството.

Советот апелира до пешаците:

  • Внимателни и одговорно да се однесуваат во сообраќајот
  • да ја преминуваат улицата исклучиво на пешачки премин,
  •  да поминуваат исклучиво на зелен пешачки семафор
  • пред да ја поминат улицата  задолжително да погледнат на двете страни од улицата и внимателно да проценат дали се во состојба безбедно да ја преминат улицата
  • доколку се колебливи,  подобро да почекаат некој нареден момент во кој ќе бидат сигурни дека можат безбедно да јапоминат улицата.

Посебен апел упатуваме до повозрасните граѓани: да внимаваат и да ги почитуваат сообраќајните правила при учеството во сообраќајот, движењето и преминувањето на улица.

Апелираме и до возачите,  посебно до младите  и помалку искусни возачи,  да бидат внимателни во сообраќајот, бидејки брзото возење убива.  Управувањето на моторно возило, воланот во рака  е висока одговорност, која бара смиреност, карактер, знаење.  Агресивното однесување во сообраќајот е потенцијално убиство.

На крајот уште еднаш апелираме до сите учесници во сообраќајот:  бидете внимателни и однесувајте одговорно во сообраќајот. Затоа што сообраќајот не е игра! – пишува во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top