Секоја недела овие марионетиве домашни прават се поголеми и поголеми грешки. Секоја недела по уште една нова штета за нашата држава. И ај што ги слушавме како креираат лаги против секој од нас на најбрутален начин, ставајќи ги во измислен контекст своите прес конференции, пред некој ден направија огромна, сериозна грешка и голем удар за државата, рече Груевски на народниот собир во Тетово.
Груевски рече дека тие може да се прават сега недоветни и да се бранат колку сакаат, но тоа што го направија е рамно на велепредавство, обидувајќи се да наштетат на нашите безбедносни институции, да ги загрозат нивните позиции, да ја уништат соработката и партнерството со земји кои со децении наназад ни помагаат во различна форма. Тој додаде:
-Замислете, онака како да се работи за некоја обична пресконференција од оние недоветните на Шилегов, или уште повеќе оние на оној аболицираниот од Струмица кој сам се фали дека направил милиони евра, и така замислете, си излегуваат сите како петли на прес конференција, така гордо, па овој нели го пречекуваат со аплауз, демек големиот херој, тој се појавува те оклештен, те наводно со спуштена веѓа, демек загрижен за тоа што се случува во државата, мртов ладен издава државна тајна. Човек не може а да не си каже, па добро дали е нормален овој човек? Не е ни чудно што веќе и цела меѓународна заедница не скриено го поставува истото прашање за него. И со секој изминат ден, овој човек ја потврдува оправданоста на ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст