ВМРО-ДПМНЕ е партија која во сите овие години, нејзиното комплетно раководство е постојано на терен меѓу народот, со цел да биде во тек со нивните проблеми, нивното мислење, нивните барања. Во овој период, откако СДСМ потпомогната од стрнска разузнавачка служба, започна операција за наше оцрнување, преку монтирани, сечени, вадени од еден и ставани во друг контекст, и креирани телефонски разговори, таа комуникација е и засилена и почеста. Од тие конткти, од тие разговори директно на терен, по населените места, селата, домовите низ цела Македонија, произлегоа и нови идеи како да им се помогне на земјоделците – посочи денеска премиерот Никола Груевски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во тетово.
Според него на барање на земјоделците од директните разговори на терен се донесени неколку мерки кои ќе бидат од помош на овие луѓе. Па така, ќе се зголеми рокот на важност на трактори, ќе се легализираат мотокултиватори…
Ова се мерките кои Владата ги најавува:
1. Ќе го зголемиме рокот на важност на регистрацијата на тракторите. Ќе овозможиме наместо секоја година тракторите да се регистрираат на секои 6 години, а нивната техничка исправност ќе се потврдува на секои две години.
2. Ќе овозможиме легализација на мотокултиватори, едноносни приколки и полуприколки и други мобилни машини, кои им се неопходни на земјоделците за извршување на нивните секојдневни работи. Предлогот за легализација ќе може да го поднесат во рок од една година по донесувањето на законот со кој тоа ќе биде овозможено.
3.По барање на граѓаните сопственици на приватни шуми, Катастарот во соработка со Комората на приватни геодетски фирми ја започна постапката за намалување на цената за изготвување на геодетски елаборати за обележување на шуми што е услов за добивање на одобрение за сеча на дрва за греење. Сегашната цена која е 30 денари за 1 метар должен ќе биде намалена за 50% за површини до 1 хектар додека за површините над 1 хектар и поголеми ќе се намали и до 70 проценти.
ВМРО-ДПМНЕ го слуша гласот на народот, тоа беше и тоа ќе остане така – посочи премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



