| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатото девојче кај Универзална

Дваестгодишната Фросина Ц. од Крива Паланка е девојчето кое вчера во 20,50 часот била прегазена на од автомобил „хонда“ со скопски таблички на булеварот „Партизански одреди“ кај Униврзална сала во Скопје, информира полицијата. Станува збор за студентка на Електротехничкиот факултет.

Возачот на „хондата“ Љ.Б. (26) најверојатно со голема брзина удрил во Фросина, која починала на местото на несреќата.

Љ.Б. најпрво побегнал од местото на несреќата, но во 21.10 часот сам се пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top