| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец киднапирал малолетничка

Вчера околу 19,50 часот во ПС Ѓорче Петров лице од  с.Кондово пријавил дека истиот ден околу 17,00 часот неговата 17 годишна ќерка  враќајќи се од училиште, на патот према с.Кондово, односно на местото викано Бошњачко маало, непознато лице од автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки започнал да и довикува за истата да влезе во возилото при што и го попречил патот со возилото, излегол и со употреба на физичка сила ја внел на сувозачкото седиште.

Потоа истиот се упатил према мостот на реката Вардар во с.Сарај, при што запрел и започнал да ја допира малолетничката по градите и телото, бидејќи истата давала отпор и се бранела лицето ја удрил и ја префрлил на задното седиште од возилото и се упатил кон с. Кондово при што возилото било пресретнато и сопрено од страна на полициски службеници.

Во ПС Ѓорче Петров утврден е идентитетот на сторителот Б.Џ.(29) од нас. Шуто Оризари, скопско.

По целосно докуемнтирање на случајот ќе биде поденсен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top