Мотоциклистот што во понеделникот го усмрти скопјанецот Бошко С. (76) немал положено возачки испит и немал 18 години, туку бил малолетник, кој не смеел воопшто да управува мотор.
Според информациите на „Дневник“ од сообраќајната полиција , возачот на моторот е на возраст од 17 години и е од скопското село Сингелиќ. Тој требало да наполни 18 години на крајот од октомври, а потоа би имал законско право да полага возачки испит за мотоцикл.
Сообраќајната несреќа се случи во вторникот околу 20 часот, на булеварот Kочо Рацин, во близина на Олимпискиот базен во Скопје. Вештачењето на трагите земени од местото на несреќата треба ја утврди точната брзина со која тинејџерот го управувал моторот, но, според првичните полициски информации, брзината со која се движел била многу поголема од дозволената.
Иако мотоциклистот се обидувал да закочи, за што сведочеа и долгите траги од кочење на коловозот, не успеал да го контролира моторот, кој бил со зафатнина поголема од 125 кубни сантиметри и да го избегне пешакот, кој веќе бил на коловозот. Од ударот старецот почина на самото место на несреќата. Моторџијата и совозачот со лесни повреди биле префрлени во болница.
Неофицијално, од полицијата потврдуваат дека пешакот не бил на пешачки премин, но поголем дел од одговорноста ја префрлаат на младиот возач.
– Пешакот не го поминувал коловозот на пешачки премин, што исто така претставува прекршок, а младиот возач иако не смеел, управувал мотоцикл и тоа со брзина поголема од дозволената -велат за „Дневник“ од сообраќајната полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Застрелан млад велосипедист на Алпите, мислеле дека е дивеч



