| четврток, 6 декември 2018 |

Jaјцемати, нов хит во Хрватска

Пред Велигден, традиционално расте продажбата на јајца, а жителите на некои хрватски градови може да ги купуваат во секое време на денот и ноќта, и тоа не од супермаркет туку од јајцемати.

Таков еден е отворен во петок во едно место во Крапинско-Загорската жупанија, а слични постојат во неколку други градови, пишува Dnevni list.

Производителот на јајца Звонко Шинцек, годинава ќе го постави третиот јајцемат.

Тој го почнал бизнисот со јајцемати пред една година, кога го постави првиот јајцемат во Вараждин. Од тогаш, во Хрватска овој уред е се попопуларен.

Како што вели сопственикот на 2.500 кокошки, продажбата на произведени 750.000 јајца, одела лошо. Меѓутоа благодарение на искуството кое го пренесол од Австрија со јацемеатите во Хрватска, ја подобрил продажбата.

Уште една предност е што тој работи 24 часа, а јајцата секогаш се достапни.

Јајцематот е самоуслуѓен уред од кој граѓаните со уфрлање кованици и хартиени банкноти можат да купат свежи јајца од една семејна фарма во околината на овој град.

Јајцата се разликуваат по големина, како и облеката па така S значи дека се полесни од 53 грама, M дека се тешки меѓу 53 и 63 грама, L меѓу 63 и 73 грама и XL се потешки од 73 грама. На јајцата уште ги пишува државата и шифрата на фирмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top