| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ја поддржува Кенија во борбата против тероризмот

mogeriniЕвропската унија денеска и вети поддршка на Кенија во борбата против тероризмот по нападот кој го извршија сомалиски исламисти врз универзитетски кампус во Гариса, во кој загинаа 147 лица.

– ЕУ ја потврди својата посветеност да ги поддржи Владата и кенискиот народ во борбата против тероризмот, се наведува во соопштението на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Таа истакнува дека Кенија може да смета на „солидарноста на ЕУ, која ќе работи на јакнење на поддршката во напорите на Кенија да се бори против тероризмот“.

– Терористите ја покажаа својата одлучност да го нападнат образованието, да создадат поделби меѓу различните вери, да не и дозволат на земјата економски и културен раст, стабилност и достоинство за сите граѓани, додава Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top