Нови судири започнаа меѓу борци на Исламска држава (ИД) и палестински бунтовници во бегалски камп во околината на Дамаск, соопшти невладината организација Сириски центар за мониторинг на човековите права, чие седиште се наоѓа во Лондон.
Сирискиот центар тврди дека по вчерашното кратко примирје, борбите во бегалскиот камп Јармук денеска продолжиле. Според претседателот на невладината организација Рами Абдул Рахман цивилите во кампот имаат недостиг на вода и храна од почетокот на судирите пред два дена меѓу ИД и борците на палестинската група „Акнаф Бејт ал Макдис“.
Од средата џихадистичката ИД контролира голем дел од Јармук.
Пред почетокот на граѓанската војна во Сирија, пред четири години, во кампот живееле околу 150 илјади палестински бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.