| четврток, 6 декември 2018 |

Работи кои мажите сакаат жените да ги знаат за нив

00040833

Ако сакате да се правите недостапна – Научете ги барем правилата на играта

Сите ја знаат онаа старата вистина „Ако сакаш да предизвикаш интерес кај еден човек, прави се недостапна“. И во наше време има вистина во ова, но не го сфаќајте тоа толку буквално.

Мажите и жените различно го разбираат „Да се правиш недостапна“. За тебе тоа може да значи дека задолжително мора да се откаже првиот пат на еден човек, без разлика што ќе ти предложи. Дури  ако треба и да го одминете без да го забележите, за да го натерате да се амбицира да ве натера да го забележите.

Ова воопшто не функционира кај повеќето мажи. Дури ги збунува и навредува.

o-WOMAN-IGNORING-HUSBAND-facebook

Успешниот начин да се правите недостапни е да покажете барем искра интерес кон мажот, а потоа веќе да ја играте играта.

Насмевнете се, погледнете го, покажете му дека го разбирате неговиот обид да ве заинтересира. Можеби навистина сте зафатени во времето кога сте поканети на состанок, но тогаш предложете му друг ден или време.

Оваа игра може да биде непотребна, но и забавна. Едноставно внимавајте да не го одалечите од вас уште на самиот почеток и престанете со играта кога ќе осетите дека се приближувате кон границата, кога тој го губи интересот.

sexy-girl-at-bar-counter

Некои жени се жалат дека мажите ги оценуваат само по надворешниот изглед, но мажите не се единствените кои го прават тоа.

Ако жените несакаат да бидат оценувани по надворешниот изглед, мажите исто така не сакаат да бидат оценувани по нивниот статус и новчаник. Или барем на еден голем дел од интелегентните мажи и жени ова им пречи.

Секој маж може да сподели барем едно искуството, со најмалку една жена во животот, која очекувала секогаш тој да ги плаќа сметките. Вие сигурно сте слушнале за жена, кoја очекувала постојано и насекаде мажот да ги плаќа сметките, иако таа имала поголема плата од него.

o-WOMAN-IGNORING-MAN-facebook

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top