| четврток, 6 декември 2018 |

Свадбите на Хаџиманов и на Бадев на изложбата „Свадбите во Тиквешко – некогаш и денес“

Нај­ста­ра­та фо­то­гра­фи­ја из­ло­же­на ту­ка е фо­то­гра­фи­ра­на пред 102 го­ди­ни, од­нос­но во 1913 го­ди­на. Фо­то­гра­фи­и­те то­гаш ги пра­ве­ле ста­ри­те ка­ва­да­реч­ки фо­то­гра­фи, ме­ѓу кои Ан­дон Ди­ми­тров, Трај­че Фи­ли­пов, Бла­жо Ман­га­ров, Ило Шкар­тов, Ри­сто Ми­трев Ти­ка­та, Ва­но Ма­лин­ков, Ме­то­ди­ја То­дор­чев­ски и дру­ги, ве­ли Пе­тре Кам­чев­ски

Во му­зеј­ска­та га­ле­ри­ја во Ка­ва­дар­ци е по­ста­ве­на е из­лож­ба на фо­то­гра­фии нас­ло­ве­на „Свад­би­те во Ти­кве­шко – не­ко­гаш и де­нес” во ор­га­ни­за­ци­ја на фо­то­сту­дио „Екс­прес” и на ка­ва­да­реч­ки­от му­зеј.

​- Нај­ста­ра­та фо­то­гра­фи­ја со ко­ја е ове­ко­ве­че­на ед­на свад­ба ни е од 1913 го­ди­на. Из­лож­ба­та со­др­жи 150 фо­то­гра­фии од по­ве­ќе авто­ри – ин­фор­ми­ра ди­ре­кто­рот на му­зе­јот, Пе­тре Кам­чев­ски.

kultura134-2

Пе­тре Кам­чев­ски

​Ме­ѓу фо­то­гра­фи­и­те се и тие од свад­би­те на Ва­сил Ха­џи­ма­нов, Ни­ко­ла Ба­дев и на дру­ги поз­на­ти ка­ва­дар­ча­ни.

​- Де­нес на­ши­те кли­ен­ти се со мно­гу по­го­ле­ми ба­ра­ња, тие са­ка­ат фо­то­гра­фи­и­те да би­дат ре­пор­тер­ски, до­ку­мен­тар­ни и умет­нич­ки. Фо­то­се­си­и­те ги пра­ви­ме не са­мо во сту­дио под свет­ли­на, но и на не­се­којд­нев­ни ло­ка­ции, ка­ко во кру­гот на спо­мен-пар­кот по­све­тен на два­на­е­сет­те ва­та­шки мла­дин­ци. Ра­бо­та­та е мно­гу од­го­вор­на би­деј­ќи овој чин од жи­во­тот на мла­ди­те не­ма ре­при­за. По­ра­но фил­мот мо­жел да се оште­ти, но и се­га кар­тич­ка­та од ди­ги­тал­ни­от апа­рат мно­гу лес­но мо­же да се из­бри­ше ако не се вни­ма­ва – ве­ли То­ни Ко­цев, еден од сопс­тве­ни­ци­те на „Екс­прес”.

kultura134-3

Пре­ку фо­то­гра­фии на­пра­ве­ни во вре­мен­ски ин­тер­вал од по­ве­ќе од еден век, фо­то­сту­ди­о­то „Екс­прес“ и Му­зеј-га­ле­ри­ја­та на град Ка­ва­дар­ци нѐ по­тсе­ту­ва на дел од нај­у­ба­ви­те мо­мен­ти од кру­ни­су­ва­ње­то на љу­бо­вта на по­ве­ќе од сто­ти­на двој­ки. Из­лож­ба­та на фо­то­гра­фии „Свад­би­те во Ти­кве­шко – не­ко­гаш и де­нес“ прив­ле­ку­ва го­лем број по­се­ти­те­ли.

kultura134-5

За љу­бо­вта, свад­би­те, фо­то­гра­фи­те и за му­зи­ча­ри­те што низ вре­ме­то оста­ви­ле дла­бо­ка тра­га во Ти­кве­шко рас­ка­жу­ва ди­ре­кто­рот на Му­зеј-га­ле­ри­ја на град Ка­ва­дар­ци, Пе­тре Кам­чев­ски.

– Оваа из­лож­ба, ко­ја ја нас­ло­вив­ме „Свад­би­те во Ти­кве­шко – не­ко­гаш и де­нес“ и ја под­го­твив­ме за­ед­но со фо­то­сту­ди­о­то „Екс­прес“, е по по­вод де­нот на мла­ди­те брач­ни двој­ки или по­пу­лар­но на­ре­чен Мла­ден­ци, но, во исто вре­ме, и де­нот на про­лет­та. Свад­би­те ка­ко еден убав чин се­ко­гаш оста­ну­ва­ат во се­ќа­ва­ња­та на си­те лу­ѓе би­деј­ќи тие, на из­ве­сен на­чин, прет­ста­ву­ва­ат кру­на на љу­бо­вта ме­ѓу двај­ца мла­ди, кои со овој чин таа љу­бов­на вр­ска ја ста­ва­ат во за­кон­ски рам­ки. Свад­би­те се пра­ве­ле пред по­ве­ќе од 3.000 го­ди­ни. За нив се го­во­ри во ан­тич­ка­та исто­ри­ја и во ан­тич­ка­та ми­то­ло­ги­ја. Исто­ри­ја­та па­ме­ти мно­гу та­кви при­ме­ри – ве­ли Кам­чев­ски.

kultura134-7

Тој по­тсе­ту­ва и на љу­бо­вта на Род­на Фал­ко­ва, опе­а­на во на­род­на­та пес­на „Бол­на лег­на­ла Род­на Фал­ко­ва“.

– По­ста­ри­те ка­ва­дар­ча­ни се се­ќа­ва­ат на го­ле­ма­та љу­бов ме­ѓу уба­ва­та де­вој­ка Род­на Фал­ко­ва и Ор­дан­че Апо­сто­лов. За жал, бо­ле­ста, а по­тоа и смрт­та на Род­на Фал­ко­ва ја пре­ки­ну­ва оваа љу­бов­на вр­ска, ме­ѓу­тоа на­род­ни­от пе­јач ис­пе­ал ед­на уба­ва ма­ке­дон­ска на­род­на пес­на „Бол­на лег­на­ла Род­на Фал­ко­ва“, ко­ја и де­нес се пее на свад­би­те и на ве­сел­би­те во Ка­ва­дар­ци – рас­ка­жу­ва Кам­чевски.

kultura134-4

Се­пак, тоа што, мо­же­би, е лајт-мо­тив на оваа из­лож­ба, се фо­то­гра­фи­и­те.

– Фо­то­гра­фи­и­те се пра­ве­ле уште пред по­ве­ќе од сто го­ди­ни. Нај­ста­ра­та фо­то­гра­фи­ја из­ло­же­на ту­ка е од пред 102 го­ди­ни, од­нос­но од 1913 го­ди­на. Фо­то­гра­фи­и­те то­гаш ги пра­ве­ле ста­ри­те ка­ва­да­реч­ки фо­то­гра­фи, ме­ѓу кои Ан­дон Ди­ми­тров, Трај­че Фи­ли­пов, Бла­жо Ман­га­ров, Ило Шкар­тов, Ри­сто Ми­трев Ти­ка­та, Ва­но Ма­лин­ков, Ме­то­ди­ја То­дор­чев­ски и дру­ги. Исто та­ка, ва­жен дел на свад­би­те би­ле и сви­ра­чи­те. Без нив, си­гур­но, не мо­же­ла да се за­мис­ли ни­ед­на свад­ба. На свад­би­те во ми­на­то­то во Ка­ва­да­реч­ко сви­ре­ле поз­на­ти­те тај­фи и гру­пи, ка­ко на при­мер чал­ги­ја­та на Ило Бас­нар­ков и не­го­ви­те си­но­ви, чал­ги­ја­та на Апо­стол Че­ко­ров, на Ва­сил Ха­џи­ма­нов, Ило Ма­ре­не­цот, Бо­ро Му­фта­рот и на мно­гу дру­ги – ве­ли Кам­чевски.

kultura134-6

За раз­ли­ки­те во фо­то­гра­фи­и­те од ми­на­то­то и де­нес, што, всуш­ност, е и те­ма на из­лож­ба­та, То­ни Ко­цев од фо­то­сту­ди­о­то „Екс­прес“ наг­ла­су­ва де­ка свад­бе­на­та фо­то­гра­фи­ја е еден од нај­го­ле­ми­те пре­диз­ви­ци за се­кој фо­то­граф, но и по­тсе­ту­ва на уба­ви­на­та што ја но­си со се­бе фо­то­хар­ти­ја­та.

– Мо­же да се ка­же де­ка свад­бе­на­та фо­то­гра­фи­ја е ме­ѓу нај­те­шки­те дис­цип­ли­ни во фо­то­гра­фи­ја­та, ако во­оп­што мо­же да се ка­же де­ка е дис­цип­ли­на, за­тоа што тоа е су­б­ли­мат од не­кол­ку дис­цип­ли­ни. Де­неш­ни­от свад­бен фо­то­граф мо­ра да би­де фо­то­ре­пор­тер, до­ку­мен­та­рист и мо­ра да има кре­а­ти­вен дух во не­го. Кол­ку што е по­до­бар во си­те тие дис­цип­ли­ни, ќе има по­до­бри ре­зул­та­ти. Мо­же­те да ви­де­те на ста­ри­те фо­то­гра­фии де­ка, глав­но, се ра­бо­ти за ста­тич­ни фо­то­гра­фии, ка­де што по­зи­ра це­ла фа­ми­ли­ја, це­ло ма­ло или це­ло се­ло. Не де­ка во тоа вре­ме лу­ѓе­то не­ма­ле кре­а­ти­вен дух, но, се­пак, тех­нич­ко­то ни­во не им овоз­мо­жу­ва­ло на фо­то­гра­фи­те по­бр­зо да до­ло­ват не­кои мо­мен­ти. Ина­ку, фо­то­гра­фи­ја­та е не­ра­скин­ли­во вр­за­на со раз­во­јот на тех­но­ло­ги­ја­та и де­нес жи­ве­е­ме во ед­но вир­ту­ел­но вре­ме, ка­де што сѐ по­мал­ку се тие фо­то­гра­фии на хар­ти­ја, сѐ по­мал­ку се мо­мен­ти­те ко­га не­кој ќе ни дој­де на го­сти, па ќе из­ва­ди­ме ку­ти­ја со фо­то­гра­фии или ал­бу­ми и да ги гле­да­ме. Точ­но тој мо­мент е еден од глав­ни­те мо­ти­ви да раз­мис­ли­ме за ед­на ва­ква из­лож­ба, са­кај­ќи да ви ги доб­ли­жи­ме фо­то­гра­фи­и­те, па иа­ко по­ве­ќе­то од овие фо­то­гра­фии ги има на раз­ни про­фи­ли на со­ци­јал­ни­те мре­жи, се­пак не е исто чув­ство­то да се гле­да фо­то­гра­фи­ја­та на мо­ни­тор и да се по­чув­ству­ва фо­то­граф­ска­та хар­ти­ја ме­ѓу пр­сти­те – об­јас­ну­ва Ко­цев.

Фо­то­сту­ди­о­то „Екс­прес“ и Му­зеј га­ле­ри­ја­та има­ат иде­ја оваа из­лож­ба да ја на­пра­ват тра­ди­ци­о­нал­на и се­ко­ја го­ди­на во пре­срет на Мла­ден­ци да се ор­га­ни­зи­ра ва­ква из­лож­ба. Тој упа­ти по­вик до ка­ва­дар­ча­ни што има­ат ста­ри фо­то­гра­фии да ги до­не­сат во фо­то­сту­ди­о­то „Екс­прес“ за да на­пра­ват ре­про­дук­ци­ја и да мо­жат в го­ди­на да на­пра­ват но­ва из­лож­ба со но­ва при­каз­на.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 134. број на неделникот „Република“, 27.03.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top