Собранието на Република Македонија повторно ќе биде отворено за посета на граѓаните секој последен петок во месецот.
Собраниската прес-служба соопшти дека посетителите ќе имаат можност да го посетат свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на своите прашања.
„Поради изведување градежни работи на зградата на Собранието, посетите на граѓаните беа привремено прекинати. Сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност“, се вели во соопштението.
Заинтересираните граѓани потребно е да се пријават најдоцна пет работни дена пред посетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.