Меѓународната консултантска компанија „Хенли енд партнерс“ го објави својот „Виза рестрикшн индекс“ за 2014 година, односно листа на земјите во светот според слободата на патување на нивните граѓани.
Компанијата врз основа на анализа на визната политика на сите држави во светот изработува листа на слобода на движење во други држави.
Во регионот најмногу корист од поседување на пасош имаат граѓаните на Словенија. Како и минатата година, Словенија се задржа на 12. место, а граѓаните може слободно да патуваат во 160 држави, од вкупно 219 во светот.
На второ место во регионот е Хрватска, чии граѓани без виза може да патуваат во 138 држави и се наоѓа на 22 место на листата. Србија е на 35 место со 107 држави за кои не се потребни визи, а Македонија со 106 се наоѓа на 36 место на „Хенли енд партнерс“ листата.
Босна и Херцеговина се наоѓа на 42 место, а граѓаните слободно може да патуваат во 95 држави во светот. Последна држава на листата е Авганистан, чии државјани слободно може да патуваат само во 28 држави. Пред нив се Ирак, Пакистан и Сомалија.
На врвот на листата се Финска, Германија, Шведска, Велика Британија и САД, чии граѓани може да патуваат слободно во 174 држави.
Според податоците на „Хенли енд партнерс“, 62 проценти од светската популација за патувања во 2014 година требало да извадат виза, што е пад од 15 проценти во однос на 2008 година. Вкупно 19 проценти од светската популација на своите дестинации стигнале без визи, додека 16 отсто можеле да добијат виза при пристигнувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст