| четврток, 6 декември 2018 |

Дали големината на машкиот полов орган е најважна?

goleminap

Големината не е важна, најважно е како го користиш половиот орган. Дали навистина е така од научна гледна точка, кога станува збор за машкиот полов орган, прашува ASAP Science?

Дали машката гордост влијае на привлечноста или вештината да се задоволи партнерот?

Во нашата еволутивна историја, жените најверојатно развиле интерес и преференции кон обликот и големината на машкиот полов орган. Како резултат на тоа, тие избираат партнери со поголеми пениси и соодветно ги пренесуваат овие гени на следната генерација. Ова се нарекува сексуален избор.

Shock

Ова може и да било предност на мажите, бидејќи долгите пениси биле поефикасни при отстранувањето на спермата на другите ривали од машки пол за време на сексуален однос.

Едно конкретно истражување, открива дека некои жени почесто имаат вагинален оргазам, кога мажот има подолг пенис. Важно е да се напомене дека, жените доживуваат различни типови оргазам. Всушност, вагинален и клиторичен оргазам се два сосема различни феномена. Тие користат различни нерви и дури стимулираат одделни области во мозокот.

00040632

Но, многу истражувања покажуваат дека жените не се возбудуваат толку од големината, колку што мажите мислат.

Истражувањата кај хомосексуални мажи покажуваат дека на нив дефинитивно им се допаѓаат мажи со поголеми полови органи.

Истражување од 2013 година открива дека пенисот во нормална состојба, најверојатно е главен фактор за атрактивноста на мажот, уште пред самиот сексуален контакт. Станува јасно дека повисоките и стегнати мажи се по посакувани.

Исто така пенисот во нормална состојба игра улога во нивниот избор. Колку поголем е тој, толку повисоко се оценети сликите. Се си има сепак и граници. Ако големината на отпуштениот пенис надминуваат 7,6 см, атрактивноста почнува да се намалува. Излегува дека машки полов орган кој е во соодветни пропорции со самото тело, е привлечен.

79b0b4da-7338

На крајот на краиштата, прекумерно истакнати црти на телото, дури и оние поврзани со атрактивноста, често може  да бидат знак за проблеми.

Исто така самиот сопственик на пенисот е исто така многу важен. Речиси сите истражувања покажуваат дека самодовербата, пријатниот карактер и привлекувањето се најдобрите предуслови за сексуално задоволство. На крајот на краиштата, макар и големината да има значење во одредени случаи, поголемото не секогаш е поубаво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top