| четврток, 6 декември 2018 |

Александра Ковач: Навивав за кандидатите на Кристина

Александра Ковач на суптилен начин се обидува да ја заврши „војната“ со својата сестра Кристина. Во интервју за српскиот магазин „Свет“, сегашната членка на жирито во „Икс-фактор“ изјави дека не ја следела редовно првата сезона од популарното талент-шоу, но, сепак, навивала за својата сестра.

Не го гледав редовно минатогодишниот „Икс-фактор“ бидејќи бев на магистерски студии во Единбург, но гледав неколку емисии и се израдував што Кристина доби можност да биде дел од жирито. Секако, навивав за нејзините кандидати – одговорила Александра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top