| четврток, 6 декември 2018 |

Седумдесет години Македонски народен театар

star-teatar-mnt-480x209
Македонскиот народен театар денеска свечено ќе одбележи 70 години од основањето и од првата изговорена реплика на македонски јазик на 3 април 1945.
Јубилејот денеска напладне ќе биде одбележан со перформанс и отворање изложба на експонати од музејот на МНТ, а во вечерниот термин ќе биде изведена претставата „Вечната куќа“ со која ансамблот на МНТ во 2013-та ја продолжи својата историја во нов објект.

МНТ го одбележува роденденот на 3 април, датум на кој во 1945 година драмскиот ансамбл ја одиграл првата претстава – „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров.

Од утре и во наредните два и пол месеца одбележувањето ќе продолжи со повеќе активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top