Седмата рунда политички дијалог помеѓу Белград и Приштина во вчера мина во многу работна, но и во свечена атмосфера, бидејќи високата претставничка на Европската унија, Кетрин Ештон тој ден славеше роденден.
Како што е ред, гостите на славеничката и донеле пригодни подароци, пишува „Вечерње новости“, наведувајќи дека српската делегација била практична и мислала на долгата зима која сеуште трае во Брисел, а приштиснката екипа акцент ставила на скапоценост.
Хашим Тачи на славеничката и подарил гердан, додека Ивица Дачиќ ја дарувал со шал и ракавици.
Ештон срдечно се заблагодарила на пдоароците, но сигурно би била позадовлна двајцата да ја израдуваа со договор, пишува „Новости“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.