| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Бадриќ е во врска со актерот од филмот „Ќе бидеме светски прваци“

1964931-nina-badric-i-goran-bogdan-450x675
Нина Бадриќ (42) три месеци е во тајна врска со најплатениот и најбаран хрватски актер Горан Богдан (30), кој го глуми Никола Плеќаш во филмот на Дарко Бајиќ „Ќе бидеме светски прваци“.
Според зборовите на нивните блиски пријатели, пејачката и 12 години помладиот уметник се запознале минатата година, кога таа го ангажира за снимањето на спотот за песната „Дан Д“. Иако во тоа време немале симпатии еден кон друг, во меѓувреме, дружејќи се, сфатиле дека меѓу нив сепак се родиле емоции.
– Нина и Горан станаа блиски и веќе не можат еден без друг. Моментално се разделени, затоа што тој престојува во Белград каде што снима филм. Нина конечни најде некој што целосно ѝ одговара. Не ѝ пречи тоа што е 12 години помлад од неа, бидејќи таа секогаш имаше помлади момци, никогаш не претпочитала постари мажи – открива изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top