| четврток, 6 декември 2018 |

Унија на средношколци: Протестите беа класична манипулација со политичка позадина

Класична манипулација и злоупотреба на наши пријатели и соученици заради остварување на политички цели и интереси, вака Унијата на средношколци на Македонија, ги опиша протестите на средношколците. Според , Тамара Василева, претставник на Унијата на средношколци, протестите биле иницирани и поттикнати од неформална и нелегитимна организација без било каков кредибилитет, а со политичка позадина.

За жал вчра дел од средношколците со автобуси беа носени во главниот град за да излезат наводно незадоволство од лошите образовни политики, но со главно барање математиката да не биде задолжителен предмет на матура, а тоа е нешто што ние, Унијата на средношколци на Македонија, како единствен и официјален претставник на сите средношколци го договоривме со надлежното министерство. Матурантите и натаму ќе имаат право на избор при полагање на државната матура и тоа повторно потенцираме дека е заеднички успех на сите нас, успех на сите средношколци, рече Василева.

Унијата на средношколци вчерашните протести ги нарече политички и упатија апел до своите соученици.

Не наседнувајте на манипулации затоа што за неодење на настава, бојкот на образовниот процес, небезбедно патување со автобуси без знаење и без дозвола на родителите последиците ќе ги сносите директно вие, а не оние кои се кријат зад вас. А на нив им порачуваме- Тргнете ги рацете од средношколците, за политика нема место во нашите училници, велат од Унијата на средношколци.

Претставниците на Унијата достави преставки до Народниот правобранител и Меѓаши од каде очекуваат осуда и превземање на конкретни постапки за разрешување и недозволување ситуациите како вчерашната да се повторуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top