По повод Светскиот ден на детската литература, детската градинка „Пиколини“ додели пакет детски книги, лектири, боенки и бајки на дечињата од СОС Детско село Македонија.
Собраната донација е резултат на заедничката иницијатива на родителите и нивните дечиња, како и на вработените и менаџментот во градинката, кои со заеднички напори успеаа да соберат цел пакет на книги.
– Како институција која се грижи за најмалите, секогаш се трудиме на нашите дечиња да им воспоставиме здрав систем на вредности, кој се темели на еднаквост и поддрршка на различни сегменти во заедницата. Се надевам дека нема да запреме тука и нашата соработка ќе продолжи – изјави Марина Сивакова Тасков, генерален директор на „Пиколини“.
Градинката и понатаму ќе продолжи со активности во насока на поддршка и помош на оние на кои им е најпотребно, со посебен фокус на децата и младите луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
Изгоре детска градинка во Германија, бидејќи немало вода да се изгасне огнот
-
Лила во хуманитарна акција: Во денешно време тоа што ни остана е да покажеме дека сме луѓе !
-
Собрани сретства на хуманитарен базар за децата од Домот без родители „11 Октомври“






