| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Нема веќе дилеми кој прислушувал

braniteli-na-makedonija-10
Објавувањето на строга тајна за набавка на крајно чувствителна техничка опрема за потребите на МВР, е нарушување на безбедноста на држав – смета аналитичарот Александар Пандов. Тој во вестите на „Канал 5“ нагласи дека тоа воопшто не е во интерес на Република Македонија.

-Тоа секако дека не е во полза на Република Македонија и не се согласувам дека со тоа не е загрозена безбедноста на Македонија. Во моментов Македонија не само што е раскарана, туку од ден на ден, со секоја една бомба паѓаме сè пониско и пониско и во очите на странците – смета Пандов.

За Пандов, по објавените материјали од страна на Заев, нема повеќе дилеми кој прислушувал во Македонија.

-Никој веќе во Република Македонија нема дилема за тоа кој прислушувал и кој бил цел на прислушкување. Парадоксот беше најголем кога слушнавме Влатко Мијалков, брат на Сашо Мијалков како со некој воопшто непознат човек прави разговор. Не само што нема смисла, туку само човек што е платен за тоа може така да размислува – рече Пандов.

Аналитичарот вели дека никој здраворазумен човек нема веќе дилема кој слушал и за какви потреби е слушано.

-Апсолутно е јасно дека платени луѓе од страна на Верушевски, во соработка со странска служба прислушувале, а во државната безбедност. Сега последно слушаме дека петто осомничениот добил здрава пара, 200.000 евра од фондацијата на Сорос, која е оворена поддршка или сијамски близнак на СДСМ – рече Пандов за „Канал 5“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top