| четврток, 6 декември 2018 |

Првоаприлската шега на Ноне ги крена на нозе роднините

none i rajan

Ете, и јас кажав „да“, напиша Ноне Неделковска на својот профил на „Фејсбук“. Велешанката, која некогаш беше активна на естрадата, се пошегува на денот на шегата, 1 април. Многу досетливо и оригинално. Слика од интернет со раце на црномурен маж како држи прстен, фотографија од девојка која има прстен на рака… Сето тоа Ноне добро го скоцкала. Но… останаа неинформирани роднините, кои, пак, почнале да вртат телефони, да честитаат, не само на Ноне туку и на нејзините родители…none

Можеби малку непријатно за родителите на Ноне, а богами и за роднините, но, сепак, мора да се признае дека првоаприлската шега на Ноне ги збини сите… Дел од медиумите потрчаа први да објават дека тој што го направи годишниот хороскоп на Ноне ѝ погодил сѐ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top