Зоран Заев изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи како институција, но и мене лично како Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, се вели во демантот од директорот на УБК Сашо Мијалков на вчерашните клевети изречени од Зоран Заев.
Во реакцијата се наведува дека Заев изнел огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанел огромна штета на Министерството како институција, но и на него лично како директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.
– За штетата и насилството кон државните институции против него веќе се води истрага во рамки на Оперативната обработка „Пуч“. За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава, вели Мијалков.
Не станува збор, појаснува Мијалков, за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја добило Министерството за внатрешни работи.
– Донацијата од 5.557.377 евра е примена. Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност. За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев. Очекувам судот да ги констатира и соодветно санкционира клеветите и конструкциите согласно законите на Република Македонија, стои во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст