На подрачјето на Град Скопје во текот на изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои пет со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда.
Повреди добиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и тројца пешаци.
Сообраќајната полиција санкционирала пет возачи што поминале на црвено светло, седум возачи што го користеле мобилниот телефон за време на возењето, девет возачи што возеле со измината сообраќајна дозвола и седум лица што возеле без возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани што сториле прекршоци по различни основи во својство на пешаци.
Едукативни предавања ќе се одржат со учениците од четврто одделение во основното училиште „Тефејуз“ во општина Чаир.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст