| четврток, 6 декември 2018 |

Верушевски преку Скајп му договарал работно место на петтоосомничениот во „Пуч“

Од фондацијата Сорос се уште молчат за аферата во која огромни суми на пари од сметката на фондацијата на Владимир Милчин се префрлани на сметката на сопругата на петтоосомничениот во случајот „Пуч“. Јавноста се уште чека одговор на прашањето поради кои причини сопругата на Ѓ.Л. неколку години на сметка добивала парични средства кои достигнуват износ близу 200.000 евра.

Според извори на истрагата, по оставката која Ѓ.Л. ја подненел во 2013 од Министерството за внатрешни работи каде бил вработен, Зоран Верушевски му нудел работа на приватниот унверзитет ФОН кој е во сопственост на Фиат Цаноски. За ова прашање, Верушевски и петто осомничениот имале Скајп комуникација преку имињата  „Оркестар 11“ и „Кокакола 10А“.

02 февруари 2014 23:16 cocacola10a: слушај јас се договорив за утре

02 февруари 2014 23:16 orkestar11: мислиш дека е безбедно да одиме на кафе кај Фиат

02 февруари 2014 23:17 cocacola10a: мене ми одговара во 13 часот

02 февруари 2014 23:17 cocacola10a: да одам да го барам Фиат, или прво тебе тебе, заедно да одиме

 02 февруари 2014 23:21 orkestar11: постојано нешто откажува и се создава неверојатна бркотница

02 февруари 2014 orkestar11:проблем има и околу евиденцијата на вкупниот број на студенти, на евиденцијата на плати кој платил, кој не

02 февруари 2014 orkestar11: кој е редовен, а кој вонреден со други зборови треба еден сериозен редизајн на целиот систем

02 февруари 2014 23:28 cocacola10a: не само да ги најдеш туку и да ги одржуваш оптималните перформанси

02 февруари 2014 cocacola10a:И да нема нервоза

02 февруари 2014 cocacola10a:Јас кога одржувам песни пеат

02 февруари 2014 Orkestar11: тоа е неверојатен проблем на ФОН

02 февруари 2014 Orkestar11: 23:29 мислам дека ќе биде добро и разбери и треба да му кажеш дека ова е сериозен предизвик но дека си подготвен да се справиш со тоа

02 февруари 2014 Orkestar11: 23:29 На сите ни е преку глава од овие проблеми

02 февруари 2014  Orkestar11: 23:29 И јас го убедив дека ти си правото решение

На Ѓ.Л. му се нуди и работа во ФОН по што станува се поочигледно како финансиерите и експонентите на опозицијата ги помагаат извршителите во случајот „Пуч“. На ваков начин полека се вклопува мозаикот меѓу СДСМ и СОРОС, а во игра се и парите на фондацијата за кои е познато дека се исплаќани на сметката на сопругата на петто осомничениот. Покрај богатата финансиска награда за извршување на нелеглното снимање, од комуникацијата на Скајп меѓу Верушевски и петто осомничениот се гледа дека главните осомничени помагале нивните соизвршители да добијат и работа.

СОРОС е позната во јавноста како финансиер на медиумите блиски до опозицијата кои имаат улога да ги бранат ставовите и активностите на СДСМ, но фондацијата го финансирала и семејството на петтоосомничениот во „Пуч“ преку префрлање пари на сметката на сопругата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top