| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца убиени во престрелка пред седиштето на полицијата во Истанбул

Две лица се убиени денеска во претрелка пред седиштето на турската полиција во Истанбул, објавија турските медиуми.

Според истите извори, инцидентот се случил кога две вооружени лица отвориле оган врз Дирекцијата на полицијата во истанбулската населба Фатих.

Полицајците возвратиле на огнот и ги застрелале напаѓачите. Засега нема информации за жртви меѓу полициајците.

Нападот врз седиштето на полицијата во Истанбул доаѓа еден ден по заложничката криза во суд во овој турски град, која заврши со смрт на двајцата киднапери ­ активисти на екстремно левичарска група и на заложникот ­ јавниот обвинител Мехмет Селим Кираз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top